Стан на врвот на кулата Централ Парк чини 250 милиони долари

Опкружен е со стаклени ѕидови од подот до таванот, има седум спални соби, 11 и повеќе бањи, две кујни и неколку дневни соби. Модерниот триплекс се наоѓа на врвот на кулата Централ Парк во Њујорк и е најскапиот во САД. Се простира на 1.750 квадратни метри.

Кулата Централ Парк е највисоката станбена зграда во светот. Луксузниот пентхаус е вистински резиденцијален скапоцен камен кој се протега на три ката од 129 до 131 кат.

Опкружен е со стаклени ѕидови од подот до таванот, има седум спални соби, 11 и повеќе бањи, две кујни и неколку дневни соби.

Сите катови се поврзани со скулптурно скалило, а најинтересна е терасата од 140 квадратни метри со поглед на Централ парк и реката Хадсон.

Цената од 250 милиони долари за овој пентхаус е висока, иако Гери Барнет, претседател и основач на „Extell Development“ истакнува дека има многу уметнички дела кои достигнуваат цена од речиси 200 милиони долари.Сето ова е невозможно да се спореди со 17.000 квадратни метри челик, стакло, тули.