Студенти предизвикале пожар бидејќи не знаеле дека тестенините се приготвуваат во вода

Важноста на тестенините за Италијанците најдобро ја илустрира настанот од 2018 година, на кој многумина сега се потсетија на социјалните мрежи. Имено, тогаш тројца американски студенти на размена во Италија предизвикале пожар бидејќи се обиделе да зготват тестенини, но без вода.




Инцидентот се случил на улицата Пеличерија во центарот на Фиренца, а пожарникарите брзо успеале да го изгаснат пламенот кој зафатил дел од кујната.




Била повикана и полиција. Се испоставило дека студентите купиле тестенини и кога дошле дома ги ставиле во тенџере и го запалиле шпоретот. Признаа дека не знаеле дека им треба и вода во тенџерето. Неколку минути подоцна, тенџерето се запалило, поради што морале да се јават во противпожарна служба. Веста за студентите кои не знаеле да готват тестенини брзо се раширила во таа земја, па готвачот Фабио Пичи веднаш се огласил и решил на студентите да им одржи четиричасовен курс за готвење тестенини.




Немаме што да се смееме, не е смешно. Решив да им дадам 4-часовен бесплатен курс за италијанско готвење, а ги покануваме на ручек во мојот ресторан – изјавил готвачот за италијанските медиуми.
Приказната за несреќните студенти сега повторно се појави и насмеа илјадници луѓе.