Студентка пред сите го запроси момчето, ФАКУЛТЕТОТ ГИ ИЗБРКА (ВИДЕО)

Невообичаена сцена од запросување го обиколи светот се случи на Универзитетот во Лахоре.

Заљубена студентка не можејќи да чека да биде запросена, таа клекна пред своето момче и тоа пред преполн универзитетски двор. Секако одговорот беше „да“.


Сепак, она што се случи потоа го шокираше целиот свет – деканот на факултетот, во договор со стручниот комитет, ги избркал и двајцата студенти од Универзитетот во Лахоре!

Во соопштението се наведува дека овој чин е во спротивност со вообичаеното однесување на студентите на факултетот и дека бил прекршен кодот и дека двајцата биле вклучени во грубо однесување кон правилата на Универзитетот.

Ова беше остро осудено, пред сè од Пакистанците, а потоа и од другтеи луѓе во светот.

„Ова е скандал. Тие шират љубов, а не омраза како вас“,„ Срам да ви е, во кој век сè уште живеете?“, „Наместо да се гордеете со студентите, вие ги бркате“ се дел од коментарите