Таа вели – Тој е еден од поголемите циции во светот

Како што вели, нејзиниот сопруг уште сега цепи дрва за следната зима, бидејќи слушнал дека цената на гасот ќе се зголеми. Кејти Лининг и нејзиниот сопруг Ричард живеат во западна Англија, и како што вели секоја вечер во креветот легнува со четири слоеви облека и во палто, а потоа се покрива со јорган. Ако се прашувате што е причината, Кејти има многу едноставен одговор – температурата во нејзината куќа е речиси под нулата.

И Кејти и нејзиниот сопруг се вработени и имаат, како што велат, многу пристојна плата, но претераната штедливост на нејзиниот сопруг Ричард го диктира нивниот стил на живот. Се преселивме во 2020 година, за да можеме да заштедиме од данокот – ја започнува приказната за Кејти. Знаевме дека се потребни нови радијатори за оваа куќа, сепак, не можевме да најдеме мајстори да дојдат, бидејќи беше зима и бевме во карантин, па ја поминавме целата зима без греење. Ние бевме облечени во дебела облека и се движевме во капути низ куќата.

Сепак, Ричард беше пресреќен затоа што не мораше да платиме за греење. Како што вели, Ричард уште сега има обезбедено дрва за следната зима, бидејќи слушнал дека цената на гасот ќе се зголеми. Тој се обидува да обезбеди колку е можно повеќе ефтини дрва за греење. Температурата во нашата куќа никогаш не надминува 16 степени, ниту сега, кога греењето работи – вели Кејти. Ричард и Кејти се сретнале пред 10 години преку заеднички пријатели, а се венчале во октомври 2017 година. Кејти е во моментов е бремена со нивното прво дете.

Ричард научил да биде економичен со својата мајка, а Кејти вели дека иако постојат некои предности, сепак не и се допаѓа неговата претерана опседнатост со заштедувањето пари. Понекогаш може да биде фрустрирачко. Не можам дури да нарачам храна. Ние не плаќаме дури и за кабелска телевизија, а мојата сестра плаќа за помош во градината. И облеката за венчавањето ја купивме на распродажба, мојата венчаница чини помалку од 360 евра.

Морав да се откажам од скапа количка за бебето што навистина ја сакав. Купив четири маици за бебето што го чекаме а Ричард сметаше дека е тоа погрешно, иако ги платив од свои пари. Ми кажа дека требало да почекаме бебето да се роди, за да види какви подароци ќе добиеме од пријателите и роднините “, вели Кејти. Таа открива дека Ричард штеди и со купување само храна што е на акција, на попуст, и одгледува зеленчук во својата градина за да не го купуваме во маркет.

Секој знае дека сум штедлив. Моите пријатели се шегуваат кога ќе се фатам за паричникот дека молците ќе излезат од новчаникот. Не се срамам од тоа, бидејќи успеав да ја купам куќа пред да наполнам 27 години. Ако нешто тргне наопаку, не живеам на кредитни картички. Кога месото е евтино, го купувам во големи количини и го замрзнувам, па знам дека ќе имаме оброк за наредните недели – заклучи штедливиот Ричард.