ТАА Е ЕДИНСТВЕНАТА ЖЕНА НА СВЕТОТ КОЈА РОДИ ДЕВЕТОРКИ: Бебињата го прославија првиот роденден (ВИДЕО)

Халима Киси од Мали минатата година роди девет бебиња, па една година подоцна семејството подготвува мала прослава за нивниот прв роденден. „Единствените девет деца родени во светот го слават својот прв роденден и се во совршено здравје“, изјави нивниот татко за Би-Би-Си. „Сите веќе лазат. Некои седат и дури можат да одат ако се држат за нешто“, вели нивниот татко Абделкадер Арби, војник од Мали.

Арби рече дека и неговата сопруга Халима Киси е добро и додаде дека клиниката во Мароко, каде што се родени, се уште се грижи за бебињата. „Не е лесно, но одлично е. Понекогаш е многу тешко, но кога ќе видиме дека сите бебиња се во совршено здравје, чувствуваме олеснување и забораваме на се“, изјави тој за BBC Africa.


Тој штотуку се врати во Мароко за прв пат по шест месеци, заедно со нивната постара тригодишна ќерка Сауд.

„Пресреќен сум што сме сите заедно – мојата сопруга, децата и јас“, рече тој. Тој додаде дека ќе има мала роденденска забава во друштво на медицински сестри и неколку луѓе од нивната станбена зграда. Ништо не е подобро од првата година и ќе го паметиме големиот момент што следи“. Халима Киси влезе во Гинисовата книга на рекорди како жена која родила најмногу бебиња одеднаш и го преживеала породувањето.

Таа остана во болница во Бамако, главниот град на Мали, а по две недели со владин авион беше префрлена во Мароко за да добие соодветна нега. Таткото на девет деца вели дека нивните ликови се различни:

„Некои се мирни, додека други се бучни и многу плачат, некои сакаат постојано да бидат в раце. Сите се различни еден од друг, што е сосема нормално“, додал тој.