Таа живее во автомобил иако има постојана работа

За некои е тешко да се поверува, но има навистина голем број луѓе ширум светот кои се бездомници и покрај тоа што имаат постојана работа, пријатели, семејство, па се снаоѓаат како знаат и умеат. Во таква ситуација се нашла и Алијах, девојка која работи со полно работно време во Home Depot, но живее во автомобил.




Се тушира, вели таа, во теретана, си ја средува косата во автомобил, уринира во јавни тоалети… Својот начин на живот го споделува на TikTok, каде брзо стана вирален. Открила дека работи 8 часа дневно, 5 дена во неделата, но сепак нема доволно пари да изнајми стан или соба. „Луѓето сè уште, и покрај начинот на кој живеам, не разбираат зошто сум речиси секогаш сериозна и уморена. Таа раскажа и со какви ситуации сè треба да се справи.




Полицијата во една прилика и тропнала на прозорецот од автомобилот и ги пребарала сите нејзини работи. Како аргумент ги навеле темните очила кои им биле сомнителни. Луѓето на TikTok ѝ испраќаат пораки за поддршка и се надеваат дека наскоро ќе може да си дозволи нормално домување, но има и такви кои мислат дека таа само прави сè за да привлече внимание. Испровоцирана од нивните грди коментари, Аалија сними видео на кое се гледа како изгледа нејзиниот автомобил – полн со работи и залихи.




Некои ја нападнаа прашувајќи ја како има обоена коса, вештачки нокти и трепки, а Алија и објасни дека повремено оди на некој третман, кога ќе собере пари, бидејќи се чувствува како да живее малку нормален живот, пренесува Bored Panda. Иако заработува, не е доволно да плати скапа кирија, но се надева дека работите наскоро ќе се сменат откако ќе заштеди колку што може и ќе се обиде да најде работа со подобра плата.
@oc.liyahh #fypシ #viraltiktok ♬ Sure Thing (cover version) – Tik Toker