Таа и нејзиниот сопруг очекувале уште едно дете – Не биле подготвени за тоа што ќе им го кажат лекарите

Александра Кинова дознала дека чека уште едно дете и била пресреќна. Таа и нејзиниот сопруг се од Миловица во Чешка и веќе имаат еден син. Како што минувале месеците, лекарите утврдиле дека таа не носи едно бебе, туку две, па наместо идниот еден член, тие се подготвувале за два.

Набргу потоа, по редовна посета на гинеколог, го доживеале најголемото изненадување во животот. Докторите прво мислеле дека носи тројки, а потоа четири бебиња. Нивниот конечен заклучок беше дека среќната мајка носи пет бебиња бидејќи нејзиниот стомак постојано растел.

Без никакви компликации со царски рез родила пет здрави деца, од кои четири момчиња и едно девојче. Ова е прв регистриран случај во Чешка откако бебињата се зачнати по природен пат. Сите се многу задоволни од исходот на ситуацијата.

Како што велат, ниту едно богатство не може да се спореди со ова чувство, кога ќе добиете нешто толку вредно што не сте ни сонувале.