Таа му рекла на младите родители да го напуштат ресторанот затоа што нивното дете почнало да вреска од непозната причина

Таа изјавила дека дечкото и таа уживале во храната и дека мало дете зад нив почнало да вреска од непозната причина. Шокантната објава на социјалната мрежа крена голема прашина во јавноста. Имено, на Редит една корисничка напишала дека додека се случувало сето тоа според неа, десетина минути, ја замолила мајката на детето да го напушти ресторанот. Девојката во својата објава напоменала дека поради тоа добила критики и дека сега се прашува дали згрешила што и кажала нешто на мајката.

Дали сум лоша личност ако побарам мајката да излезе од ресторан со дете што плаче? Бев (имам 23) во ресторан со дечко ми (24). Ресторанот служи многу добра храна, па претпоставував дека секој сака да ужива во своите оброци. Така, додека јас и дечко ми бевме таму, на две маси од нас беше едно семејство. Тие беа родители, претпоставувам во доцните дваесетти или раните триесетти, и три деца (најстарото немаше повеќе од 10 години, а најмладото околу две) – ја започна приказната таа.

Таа изјавила дека момчето и таа уживале во храната и дека најмалото дете почнало да вреска од зад неа без непозната причина. Кога велам вреска, мислам на звукот од кој ме болат ушите и е физички болен. Тоа траеше околу 10 минути и потоа почна многу да ме мачи, бидејќи платив за да уживам во мојот оброк, а детето не сакаше да замолчи. Отидов до нивната маса и ги замолив да го изнесат детето од ресторанот додека не се смири за луѓето да уживаат во храната.

Мајката ми се налути и рече дека нејзиниот син е само дете и дека треба да покажам разбирање – напиша корисничката на Редит. Таа откри дека после тоа мајката на детето му се јавила на келнерот и рекла дека сум била груба со неа и дека и е непријатно поради тоа.

Друг келнер рече дека тоа не е точно и дека му дозволува на детето да вика додека другите се обидуваат да јадат. Родителите заминаа во еден момент, но не пред таа да ме погледне злобно. Тоа му го кажав на дечко ми, а тој ми рече дека требаше да бидам пољубезна и поразумна кон семејството бидејќи не е лесно да се биде родител. Му реков дека самите избрале да имаат деца, па подобро да ги воспитуваат. Не му се допадна тоа што го кажав. Дали сум јас негативецот во оваа приказна? Праша девојката