Тажната приказна за мајката напуштена од своите деца

Децата ја напуштиле оваа мајка и повеќе не се грижат за неа. Нејзината тажна приказна се појави на Фејсбук страницата Lost – Found пред три години. „Драги пријатели, браќа и сестри, ова е приказната за една напуштена мајка. Нејзиниот син живее во Америка, а двете ќерки се тука.




Ниту нејзиниот син, ниту нејзините ќерки повеќе не ја посетуваат и не се грижат за неа. Таа живее сама во една малецка куќарка, за која што вели дека доволно голема за неа. Сама сум. Никој не ми иди на посета. Само соседите ми помагаат кога ќе ми треба нешто.




Таа има толку големо срце. Со сета своја болка таа ги благословува сите. Дали е срамота да се плаче? Денеска се расплакав по нејзината тажна приказна и само дел од неа споделувам со вас. Самиот Господ ми рече да застанам до оваа исцрпена старица, да ја ислушам нејзината приказна.




Живеевме сите заедно, бевме среќно семејство. Јас, мојот сопруг, моите две ќерки и мојот син. Но ете времето помина сите си одлетаја на различни страни. Мојот сопруг почина и јас останав сосема сама. Идат празници и си заминуваат, но јас сеуште се надевам дека некој од моите деца ќе ме посети. Ќе речи како си мајко моја.




Но ете поминаја веќе 3 години од како никој нема дојдено од нив да ме види.