Биолошкиот татко на 12-годишната Алексис починал кога таа имала само 5 години, но таа решила да го изненади својот сакан очув. Џеф е нејзин очув во последните 6 години. Очигледно, тој направи одлична работа во грижата за Алексис.

Видеото започнува така што таа прави панел полн со нивни слики на кои поминуваат време заедно. Гледајќи ги сликите не виде дека му е залепено некое изненадување на средина, па Алексис му го посочи тоа.

Таа му напиша прекрасна песна во која зборува за тоа колку е важен во нејзиниот живот и колку го допрел нејзиното срце откако е дел од нивното семејство. Големо изненадување беше на крајот од песната, каде напиша дека сака тој легално да ја посвои и да и стане татко.