Еден татко цел живот се снимал како танцува со својата ќерка. Од нејзиното раѓање во 1990 година, тој имал план кој никому не го открил до денот кога ја однел до олтарот. Јутјуберот кој го води каналот Advice from Dad објави видео изненадување што и го подари на својата ќерка на денот на нејзината венчавка.

Имено, од бројните снимки кои се правеле низ годините, тој монтирал видео на кое се гледа како танцува со својата ќерка која од бебе се претвора во девојче, девојка и на крајот жена која танцува со својот татко пред гостите, на сопствената свадба.

„Додека јас учев како да бидам татко, моето девојче учеше како да биде невеста“, напиша тој накратко на YouTube. „Тој го помина целиот свој живот танцувајќи со мене секоја година за на крајот да направи компилација што ќе ми ја свири на свадбата.

Тој зеде кратки две минути да танцува со мене и на крајот направи нешто огромно. Ова видео секогаш ќе има посебно место во моето срце“, признала ќерката чиј труд на татко и предизвика солзи на лицето.