Татко ми секоја вечер стои на истото место и чека, а причината многумина ги расплака

Нејзиниот татко секоја вечер стои на истото место и чека, а приказната зад оваа фотографија расплака многумина. Белен Карденас (22) од Парагвај, на својот профил на Твитер сподели фотографија за која не очекувала да стане вирална, на која се гледа нејзиниот татко во шорцеви и маица како чека автобус на станицата.

Девојчето решило една вечер да го фотографира татко и, да му посвети неколку нежни зборови и да открие дека тој ја чека секој ден, без разлика на времето, за да може безбедно да ја донесе ќерка си дома за никој да не ја нападне неа во темнината.

Се враќам дома помеѓу осум и девет навечер, а тој секогаш ме чека на станицата. Старче мој, никогаш не престанувај да го правиш тоа, многу те сакам – напишала девојката. Оваа приказна која трогна и расплака многу луѓе, се случува секоја вечер во парагвајскиот град Немба. Белен по тој повод даде интервју за локалниот медиум Екстра каде откри дека нејзиниот татко има 72 години и дека и покрај годините секоја вечер чека на истото место.

Таа откри и дека татко и пред неколку месеци ја носел на работа и секој ден ја носел дома, но сфатил дека мора да се осамостои, па сега е задоволен да ja чека ќерка му да дојде во станица за да ја прати дома и евентуално да ја брани ако некој ја нападне.

Благодарен сум на татко ми за се што направи за мене, за моите браќа и уште повеќе за мојот син. Секогаш бил голем татко и дедо – заврши Белен.