Татко со Даунов синдром е горд на својот син кој станал стоматолог

Татко со Даунов синдром ги руши сите стереотипи: горд е на својот син кој станал стоматолог. Навистина, со Бога се е можно! Џад Иса од Сирија е роден со Даунов синдром, но сепак се оженил и добил син на кој се обидел да му ја даде сета љубов на светот. Неговиот син, сега веќе возрасен човек, Садер Иса признава дека татко му е одговорен што станал стоматолог.

Постојат многу стереотипи за луѓето со Даунов синдром за кои е докажано дека се невистинити. Еден од нив е дека луѓето со Даунов синдром не можат да имаат деца. Жените со Даунов синдром можат нормално да раѓаат деца, а во исклучително ретки случаи, татковци можат да станат и мажи со Даунов синдром.

Џејд работеше напорно за неговиот син да ги оствари своите соништа. Имал големи соништа за својот син и почнал рано да штеди за образованието и факултетот на неговиот син. Давал се од себе за да го издржува семејството, работејќи во мелница за пченица. Садер изјави за Брајтсајд дека напорите и работата на неговиот татко го инспирирале напорно да учи и да стане лекар.

Неговиот татко е исклучително горд и сака да им кажува на сите дека неговиот син е стоматолог. Садер е многу горд и на својот татко, бидејќи тој го воспитал, му ги покажал вистинските вредности и му дозволил да учи, што тој го сакал.

Како што рече, секогаш му бил најголем поддржувач кога му требало. Оваа прекрасна приказна докажува дека ништо не е помоќно од несебичната љубов, но и дека со Бог се е можно.