ТАЈНИТЕ НА КУЌИТЕ ОД 1 ЕВРО – Кои се скриените трошоци и услови (ВИДЕО)

Кои се тајните на трошните куќи во Италија, во кои никој не живее со години или децении и се продаваат за 1 евро? Ваквите акции ги иницираат иницирана од локалните самоуправи, со цел да се „оживеат“ некои места во земјата, односно да се зголеми бројката на население.




Сепак не е сè толку едноставно како што изгледа.
Од местата кои се одлучуваат за вакци акции, најзагрозена е Сицилија, која луѓето масовно почнаа да ја напуштаат во 60-тите години на минатиот век.




Трендот на миграција од село кон големите градови датира од тоа време, а само во градот Самбука населението е намалено за 30%, во последните 70 години. Сега италијанските власти имаат начин да „намамат“ нови жители, но тоа доаѓа со одредена цена.




Тајната е дека кој ќе купи куќа, мора да инвестира во неа, така што има многу скриени трошоци при купување на италијанска „куќа за едно евро“.
Јутубер реши да открие како изгледаат тајните на тие славни недвижнини, а неговото видео од октомври до сега, е прегледано 1,7 милиони пати.




Тој и негов пријател ја посетиле Самбука, градот најпознат по куќите за 1 евро, на околу 68 километри од Палермо. Улиците во градот се многу тесни, а самите згради / куќи се прилично тесни. Можеби на некои им изгледа премногу архаично, особено калдрмата, но факт е дека многу Американци во САД прават реплики на овие „трошни згради“.




Тие се сретнале со еден од креаторите на програмата „Куќа за евро“, а неговото име е Џузепе. Кампањата што ја започнал била толку успешна што оттогаш дури 20 италијански градови започнале да го следат примерот.
Еден регион излезе со понуда да му даде 27.000 долари на секој што ќе се пресели таму и кој ќе започне бизнис.




Надворешноста претежно ја гледаме на Интернет, но како изгледаат куќите внатре?
На крајот на јануари 2019 година, Мередит купила таква куќа. Таа е Американка, но нејзиното семејство потекнува од сицилијанско село.




Во куќите има многу простор, погледот од балконот е прекрасен, како да сте во сцена од филм, но дали има тајни, колку чини сето тоа и дали вреди? Барањата се како што следува: мора да го реновирате во рок од три години и да потрошите минимум 17 000 евра за декор, а куќата да биде функционална – за да може да се живее во неа.
Подоцна добивате депозит, што е 5.859 долари за куќа од 1,19 долари, според ова видео.




Исто така, се споменува и цената на летовите за оние кои доаѓаат од САД, а според пресметките – тие изнесуваат околу 10.000 долари.