ТВРДАТ ДЕКА СЕ СРОДНИ ДУШИ – Дејвид има 77 неговата девојка 20, се запознале на интернет

Џо (20) од Мјанмар во Азија и Дејвид (77) од Велика Британија се во емотивна врска повеќе од година и половина и тврдат дека се сродни души и создадени еден за друг. Тие двајца се во врска на далечина и се уште не се запознале, бидејќи се оддалечени 8.000 километри, а поради моменталната состојба со пандемијата не можат да патуваат. Сепак, се надеваат дека работите ќе се подобрат во блиска иднина и дека конечно ќе можат да се сретнат и да застанат на „лудиот камен“.

„Јас не сум конвенционален тип и секогаш го следев моето срце“, рече Дејвид, додавајќи: Кога постои силна љубов и наклонетост меѓу двајца луѓе, зошто да се анализира тој однос? Џо открива дека на апликација за запознавање барала спонзор кој би можел финансиски да и помогне додека студира, а Дејвид исклучиво ги гледал профилите на помладите девојки. Имаш многу среќа на вакви сајтови ако воопшто добиеш одговор на мои години. Секогаш се чувствував млад и секогаш имав помлади партнерки.

Не можам да замислам да бидам со некоја на моја возраст, дури и ако е 20 години помлада – изјави Дејвид. Иако Џо живее во Мјанмар, на апликацијата како место на живеење ја споменала Велика Британија, а како што вели тоа го направила бидејќи и се допаѓаат мажи од таа земја. Разговаравме со часови и се заљубив во него бидејќи ми беше голема емотивна поддршка. Ме насмеа и често разговаравме на телефон и покрај временската разлика од шест и пол часа – изјави Џо.

Дури по неколку месеци допишување Дејвид открил дека таа е всушност во Мјанмар, но тоа не му пречело премногу. Таа ја пополнува мојата празнина, но свесен сум дека јас сум само нејзина излезна карта од Мјанмар – призна и додаде дека сака да се ожени со неа заради нејзината финансиска сигурност: Нејзе ѝ треба сигурност и поддршка, а јас можам да и дадам. Никогаш не сум сакал деца, па не ми е важно, но ако таа ги сака – кој знае.