Тиктокерката Софија Френклин откри како го тера машко на состанок да мисли дека има други „опции“ – Сама си праќам пијачка и цвеќе, за да го направам љубоморен

Тиктокерката Софија Френклин откри како го тера машко на состанок да мисли дека има други „опции“ и да биде малку љубоморен. Таа сподели видео на TikTok со кое напиша:

„Мажите сакаат здрава конкуренција“.

„Кога одам во тоалет, му плаќам на шанкерот да ми испрати пијачка од „таен обожавател“ за да го натерам мојот партнер да помисли дека имам други опции“, објасни таа. Во коментарите признала дека ова не и е единствениот трик на првиот состанок – објаснувајќи дека „во еден или два наврати си праќала цвеќе“.

Во коментарите, многумина ја искористија можноста да напишат за тоа како правеле слични работи во минатото – а една жена признала дека побарала непознат маж за време на состанок со друг маже да дојде до нејзината маса да каже колку е убава.

@sofiafranklyn0

Men love some healthy competition 🙂

♬ original sound – Wonders of Magic