Ти благодарам што ги одгледа нашите деца во вистински луѓе – Потресно збогување на претседателот: Заспа во прегратките на нашиот син (ФОТО)

БЕЛГРАД – Ти благодариме што нашата Милица денес е силна и непоколеблива девојка, нашиот Данило е пристоен и храбар дечко, ти благодарам што ги воспитуваш нашите деца дека најголема вредност е да се биде добар човек, напиша српскиот претседател Александар Вучиќ во емотивното збогување од неговата прва сопруга и мајка на неговите постари две деца на својот личен профил на Инстаграм.

Ти благодарам што беше мој верен пријател и поддршка сите овие години, што веруваше и несебично даваше се од себе, помагајќи и на нашата Србија и на народот да оди напред.

Ти заспа во прегратката на нашиот син, верувам дека така сакаше, прегратката на Милица и Данило беше целиот твој свет. Почивај во мир и ти благодарам засекогаш за се.
Твојот Александар