Тунелот долг 1.200 метри го изградиле 13 локални жители, користени се повеќе од 4.000 чекани.

За изградбата на тунелот Гуојанг кој минува низ страната на планината Таиханг во Кина се потрошени 4.000 чекани, а го изградиле само 13 локални жители…




За да се вратат дома, жителите на кинеското село Гуолианг во Хуиксиан, провинцијата Хенан мора да патуваат низ тунел изграден во планините Таиханг. Станува збор за тунел долг 1200 метри, широк 4 метри и висок 5 метри, што е единствениот начин да стигнат до своите домови.
Го изградиле тринаесет селани на чело со Шен Мингсин со помош на „примитивни“ алатки како чекани во седумдесеттите години на минатиот век, а за оваа градежна авантура им биле потребни околу пет години.




За да соберат пари за материјали морале да го продадат својот добиток и да инвестираат секој слободен момент. Употребени се повеќе од 4.000 чекани, како и околу 12 тони челик, пренесува punkufer.hr.




Тунелот беше пуштен за сообраќај на 1 мај 1977 година, а поради необичниот изглед на страната на планината, набрзо стана туристичка атракција за кинеските, но и за меѓународните гости. Иако возењето во овој тунел бара многу внимание на патот пред вас, селаните додале неколку „прозорци“ за патниците додека минуваат низ него да бидат опкружени со сцени од прекрасна природа.




Пред изградбата на тунелот, пристапот до селото во долината Таиханг, именувано по бунтовник од династијата Хан, бил многу тежок. Селаните не сакаа да ги напуштат своите домови бидејќи мораа да се искачат по тесен и стрмен планински пат.