УЖАС! МАЖ И ЖЕНА СНИМИЛЕ ВОЗНЕМИРУВАЧКА СОБА ВО НОВАТА КУЌА: Случајно ја откриле и ја дознале вистината

На интернет кружи видео кое брачен пар го објави, со цел да го сподели искуството со корисниците на социјалните мрежи. Имено, мажот и жената неодамна купиле нова куќа, а потоа решиле да ја реновираат.
Кога дошло време да се реновира бањата, мажот и жената случајно откриле тајна соба зад ѕид. Каролин и Стивен Спаркс велат дека биле прилично „исплашени“ откако нашле скриена соба во која имала морничава рамка за кревет од ковано железо.




„Оваа просторија ја немаше во договорот, ниту можевме да ја видиме кога го прегледавме имотот. „Не би знаеле ни дека е таму бидејќи се пристапува преку мала бања“, рече Каролин во едно интервју.
Архитектката забележала скриена врата во малата бања, а Керолин го извадила телефонот за да го сними вознемирувачкото откритие. На видеото се гледа како се отвора вратата, како и скалите кои водат до тајната соба во подрумот.
На видеото се гледаат и исплашени Каролин и Стивен како одат по темните скали со батериски ламби. Самите сопственици се згрозиле кога ја здогледале рамката на единечниот кревет, кој ја зафатил целата ширина на тесната просторија.




„Мислев дека би било смешно да се снима бидејќи се што можевме да видиме беа пајажините. Сепак, не очекувавме дека ќе најдеме железен кревет, па дефинитивно беше малку чудно!“, изјавила жената.
Каролин и Стивен подоцна дознале дека собата не била некаква злобна комора за мачење, туку просторија што се користела за складирање јаглен за време на викторијанската ера.




Нејасно е зошто креветот бил преместен во скриената област, но парот се уште не го отстранил. Нивната ќерка дури размислувала да ја искористи просторијата за да сними хорор филм за училиште, а креветот служел како плашлив реквизит за филмот.