ФАСЦИНАТНО: 10-катница во Кина изградена за помалку од 29 часа (ВИДЕО)

Благодарение на модуларните градежни системи, кинеската компанија успеа да подигне десеткатница за 28 часа и 45 минути. Broud Group прво ги направи сите делови во локална фабрика во Чангшу, кои потоа беа транспортирани до градилиштето. Со помош на три кранови и голем број работници, зградата е подигната, а оваа постапка, очигледно, ќе доведе до нова револуција во градежната индустрија.




За да се поедностават работите, зградите во иднина ќе се градат како автомобили, со склопување на делови. Експертите објаснуваат дека процесот на градба е исклучително едноставен, каде што најважно е да се затегне модулот за да се обликува објектот и да се приклучи на електричната и водоводната мрежа.




Структурата на зградата е изработена од нерѓосувачки челик и е десет пати полесна и 100 пати поцврста од конвенционалните згради. Отпорен е на силни земјотреси и тајфуни. Ваквите градби се значително поевтини од традиционалните градби, главно поради поедноставениот производствен процес.




Модуларната зграда има изолација со дебелина од 22 сантиметри, стаклени прозорци со три или четири стакла и паметен систем кој заштедува енергија до десет пати.




Компанијата „Броуд груп“ тврди дека ваквата зграда ќе трае илјада години бидејќи е направена од 100 отсто нерѓосувачки челик и затоа е 30 пати поотпорна на корозија.