Сообраќајни несреќи на автопатиштата низ Македонија по снежните наноси. На патот Велес-Скопје има судрени два автомобили и излизган камион. Две сообраќајки се случија на патниот правец Скопје-Штип.

Очевидци, состојбата ја опишуваат како „апокалиптична“.

Велат дека коловозите се лизгави и неисчистени, претпоставуваат дека тоа е и причината за несреќите. Од МВР потврдуваат дека сите настани се пријавени.

„Според пријавеното, учесници се две товарни возила и едно патничко моторно возило.

Полициски службеници се упатени кон местата каде се случиле овие несреќи и подетални информации ќе имаме подоцна“, велат од МВР и немаат информации за повредени лица.

Сообраќајки има и во Скопје. Пред малку, таква имало и во близина на скопската Железничка станица. Од МВР апелираат до возачите да возат внимателно и да ја прилагодат брзината согласно условите на патот, особено поради снежните наноси.
извор инфо.мк