(ФОТО)Мажот засадил над илјада дрвја во чест на сопругата: 17 години подоцна, фотографија од воздух го откри неговиот вистински мотив

Џенет и Винстон Хаус се сакаа онака како што многумина можат само да сонуваат. Тоа беше љубов на прв поглед и растеше со секој изминат ден. Тие се венчале во 1962 година и се преселиле на имот во Англија. Набргу откако се преселиле, Џенет добила син. Љубовта се повеќе растела, синот бил здрав и имале совршен живот. Но, во еден момент сето тоа се распадна. По повеќе од 30 години брак, Џенет ненадејно го напушти овој свет. Сродната душа на Винстон почина од срцев удар на само 50 години.




Тој бил уништен, а нивниот син не знаел како да продолжи да живее без својата мајка. Таткото и синот се обиделе да ги залечат раните најдобро што можеле, но тешко се справиле со тоа. Неколку месеци по таа загуба, Винстон ја доби идејата. Решил да направи место кое тој и неговиот син ќе можат да го посетат кога ќе им биде тешко. Тоа го чуваше во тајност со години, додека не беше фотографирано од воздух. Пилотот на балон Енди Колет се враќал дома кога погледнал надолу и не можел да им верува на своите очи.




Винстон со години садел дрвја за да направи шума во чија средина има ливада во облик на срце, која неговата сопруга сакала да ја посети. Иако Енди никогаш не го запознал Винстон и не знаел за што се работи, можел да претпостави дека зад ова се крие љубовна приказна. Секоја година, Винстон сади нарциси во центарот на срцето кои цветаат на пролет. Прекрасно!




„Понекогаш само одам таму, седнувам и размислувам за работите. Го направив тоа во чест на мојата сопруга, која ќе биде таму со години“, вели Винстон.