(ФОТО) Мислел дека купува вила, а го купил само мал тревник

Човек од Флорида мислел дека „му паднала секирата во мед“, кога пред неколку години купил вила чија вистинска вредност била 177.000 долари, а тој платил само 9.000 американски долари. Имотот, инаку, се наоѓа во близина на Мајами, а е еден од оние што се продаваат на аукција, бидејќи им биле одземени на сопствениците поради неплаќање данок.

Меѓутоа, купувачот набрзо откако ја „купил“ куќата доживеал непријатно изненадување: имено, сфатил дека за споменатата сума пари всушност купил тревник широк 30 сантиметри и долг 30 метри, кој вреди само 50 долари, објави Дејл мејл Сепак, тој платил 180 пати повеќе. Се протега само од поштенското сандаче – преку ѕидот на две поврзани гаражи – до дворот на вилата.

И покрај тоа што купувачот на вилата тврди дека бил измамен, надлежните велат дека се е направено според законот и дека не можат да му ги вратат парите.

Тоа беше измама. Никаде не беше наведено дека се работи за линија што минува меѓу двете вили, иако имаа алатки за да го покажат тоа – изјави Кервил Холнес.

По овaa случка, властите издале предупредување до сите кои учествуваат на онлајн аукции.