Хит на Фејсбук : Четиригодишно дете отишло само во шума и се вратило со милениче

Четиригодишниот Доминик Браун од американската држава Вирџинија отишол во блиската шума и од таму донел дома необичен пријател.
Стефани Браун, мајката на малиот Доминик, се шокирала кога нејзиниот син донел мало еленче пред куќата во Масанутен, Вирџинија.




Таа успеала брзо да направи и да објави фотографија на Фејсбук, која веднаш станала вирална. Досега има над 16 илјади лајкови и е споделена скоро 20 илјади пати.




Луѓето се воодушевени од смиреноста со која еленчето стои покрај Доминик, како да се познаваат со години. Стефани објаснила дека семејството требало да го напушти зимскиот центар во Масанутен и да се упати кон плажата Рагд Поинт кога Доминик се појавил со нов пријател, пишува Дејли меил.




Фотографијата е уште послатка затоа што малото дете носи пижами со дезен на еленот на Дедо Мраз, Рудолф, а еленчето, кое Доминик го нарекол Флеш, според неговиот омилен херој, гледа право кон Стефани и нема намера да побегне.