Хотел од Италија – Ноќевање за само едно евро, но под еден услов

Хотелот од Римини во Италија отиде чекор подалеку во хотелската индустрија – нуди уникатно искуство за престој во реално шоу. Stupido Hotel, или во превод Глупавиот хотел, наплаќа само едно евро од ноќевање во хотелот, а оваа понуда важи за две лица под одредени услови.

Условот со кој треба да се согласите е едноставен и малку бизарен, хотел од едно евро добивате само доколку се согласите да ве снимаат 24 часа. Се што се случува во собата за време на вашиот престој, доколку се согласите на тоа, ќе биде директно на интернет, односно ќе може да се следи преку пренос во живо на социјалните мрежи.

Стотици милиони луѓе ќе можат да го следат и коментираат целиот ваш престој. Настаните во хотелот ќе може да се следат секој ден преку мрежата Twitch 24 часа на ден, во текот на 12 часа на каналот YouTube и два часа на Facebook.

Цените во хотелот обично се од 60 до 150 евра за ноќевање по лице.