ЧИСТА ЕМОЦИЈА: Детенце родено со расцеп на устата вдомило кученце со истиот деформитет

Момченцето со име Бенти е родено со расцеп на усните, што како бебе значително му го отежнувало животот, особено хранењето. Кога имал две години веќе му била направена првата операција за корекција на усните и оттогаш многу полесно јаде.




Иако напредувал, тој и понатаму се чувствувал како да е поинаков. Сепак, во еден момент си нашол пријател кој му го сменил животот.




Кога Брендон, таткото на Бентли, отишол во локалниот азил за животни, видел двомесечно кученце родено со истиот деформитет како и неговото синче. Веднаш се консултирал со сопругата и решиле да го вдомат токму тоа кученце.




Кога Бентли го видел својот нов пријател на лицето му се појавила најголемата насмевка. Цврсто го грабнал кученцето и го бакнал. Веднаш било јасно дека ќе бидат најдобри пријатели. Видеото во продолжение ги топи и најтврдите срца.