Човекот направил куќа од бајките за само 150 фунти и ја издава

Мајкл Бак бил професор по уметност, кој решил да направи куќа во својата градина од материјали што сам ги нашол. Решил да го направи во стил на куќи од античко време, а го направил од земја, глина и слама.




Она што е особено интересно е што оваа куќа изгледа како домот на Хобитот од Господарот на прстените. Подот е од дрво и го направил од остатоците што ги нашол во ѓубрето, а стаклото е од напуштен камион.




За изградба му биле потребни само 150 фунти. Не се знае колку квадрати има куќата, но знаеме дека содржи кујна, дневна соба и кревет на спрат. Нема струја, вода се носи од блискиот извор. За греење се користи шпорет на дрва, додека тоалетот се наоѓа надвор.




Овој човек подоцна изградил уште неколку исти куќи, а потоа им објаснил на соседите како сами да го направат тоа. Во оваа куќа живеел 2 години, а потоа ја изнајмил на жена која работи на соседната фарма, но не и зема пари, туку таа му плаќа со неколку литри домашно млеко.