Тим од Македонија успеале да извлечат повреден човек од карпестите делови на 2900м.н.в на врвот Митикас

  1. Шест члена од групата Газиме Јако со спонзорство од фирмата Immoricon викендов се искачија на Митикас висок 2917м.н.в, највисокиот врв на планината Олимп и во цела Грција.

    Искачувањето започна во саботата околу 5 часот изутрина и претставуваше подвиг во еден ден, со поминати 13 часа на планина.

    Прво го искачивме врвот Скала на 2882 метри надморска височина. До врвот Скала е поприлично лесно планинарење со пешачење. Најголемиот предизвик е делот од врвот Скала до врвот Митикас на 2917 метри каде што има спуштање па големо искачување на карпест предел.

Помеѓу врвот Скала и врвот Митикас наидовме на еден повреден постар планинар. Кој при искачувањето го повредил својот зглоб на ногата при што нашата група му помогна успешно да се врати до врвот Скала вели Илиески.

Целата група сме искусни планинари, кои добро се познаваат и не беше проблем да се синхорнизираме и организираме, објаснува Влатко Илиески . Се помина во најдобар ред. Имаше многу силен ветар, но сепак успешно го совладавме.