Шефот му ја отплатил хипотеката на 69-годишниот работник за да може да се пензионира една година порано

Алберт Бригас (69) е човек кој едноставно не можел да се пензионира по завршувањето на воениот рок. Причина за тоа е хипотеката што ја имал, па бил принуден да продолжи да работи речиси цел живот.




Сепак, неговиот работен век заврши кога доби изненадување од многу добар човек. Неговиот шеф Руди Кинонес го смета Алберт за член на неговото семејство, па решил пријатно да го изненади.




Дознал дека единствената пречка помеѓу Алберт и пензионирањето се 5.000 долари што ги должи за хипотеката. Решил да дозволи предвремено пензионирање на еден од неговите најдобри работници, кој работи кај него 13 години. Вели дека тоа е еден од начините на кои може да му помогне и да му изрази благодарност за се што направил во компанијата, но и за својата земја додека служел војска.




Погледнете го приложеното видео и дознајте повеќе за оваа приказна: