Шефот ја начекал вработената како полудува наместо да чисти, неговата реакција е за пофалба (ВИДЕО)

Видеото досега собра десет милиони прегледи на YouTube, објави порталот „net.hr“.

Иако беше објавено на YouTube на крајот на ноември минатата година, дури сега на бројни светски портали кружи генијално видео создадено во еден од јужнокорејските локали.

Накратко прераскажан, на него се гледа една вработена која играла на крајот од работното време, убедена дека е сосема сама, но и реакцијата на нејзиниот шеф кој прикрадно влегол да направи доцна контрола.

До овој момент видеото собра дури десет милиони прегледи и предизвика голем број позитивни коментари.

Имено, реакцијата на сопственикот на барот ги воодушеви сите, а ние ќе застанеме тука и ќе ве оставиме сами да го погледнете големото финале.

Со почит? Прилично е тешко да се процени дали видеото е автентично или е некој вид на вирален маркетинг, но сепак носи убава порака и поттикнува танцување, забава и уживање во животот.

Песната од снимањето е голем хит на групата ITZY, се вика „Loco“, а од септември има над 170 милиони прегледи.