Шокантна исповед на девојка која се заљубила во Албанец! Не ни замислувала што ќе се случи кога ќе појди кај неговите

Летав во таа озлогласена земја, а единствено што знаев да кажам на албански јазик беше „миррама“ – напишала Ангела. Ангела се заљубила во Албанец. И покрај противењето на мајка ѝ, таа реши да оди да го посети. Нивната љубов била забранета од самиот почеток, но оваа млада девојка немала поим што ќе најде таму. Ви го пренесуваме нејзиниот блог во целост.

„Три недели. Водев војна со мајка ми три недели кога и реков дека сакам да го посетам моето момче кое живее во Албанија. И зошто? Поради некои глупави предрасуди. Не беше доволен фактот што помина повеќе од еден месец во Скопје. Стравот беше посилен. Важно е да се напомене дека тој никогаш не бил проблемот. Тој беше колатерална штета.

Летав во таа озлогласена земја и стигнав околу полноќ, бев малку збунета, а единствено што знаев да кажам на албански беше „мирмрама“, што значи добра вечер. Влегов во автобус, патував низ Приштина, а потоа го запознав него, главниот актер во мојот живот. На автобуската станица сите не пречекаа на српски и албански.

Не можев да не ја забележам промената. Луѓето беа среќни, никој не се грижи од каде си, младите се обидуваат да ги сменат нашите затруени односи. Ние мислиме дека сите Албанци се муслимани, со темен тен и црна коса, а тоа дефинитивно не е точно.

Не можам да зборувам за надминување на предрасудите бидејќи никогаш не сум ги имала. Што се однесува до моето семејство, откако се вратив жива и во еден дел, моето следно патување во Албанија беше помалку стресно. Наместо да се обидувате да убедите некого и да го убедите во она што не сака да верува, најдобро е само да му покажете колку всушност работите можат да бидат убави.

Ќе ја цитирам мајката на дечко ми која го коментираше стравот на мајка ми: Да не гледаат вести? Живееме мирно! И тогаш таа подзастана и рече: О, да.. тие гледаат.

Луѓето се речиси исти, а она што создава растојание меѓу нив не се километри, туку наративите што се наметнуваат“. Колку е можна љубовта на Албанец и Македонка? Оставете ни ги вашите одговори во коментари.