Шокираниот татко со неверување гледал што прави неговото дете (2): Цел интернет зуи за ова мало девојче! (ВИДЕО)

Урнебесно видео на кое се гледа како пргаво девојче желно за „слобода“ се качува над две заштитни врати поставени во ходникот од една куќа, стана вирален хит на Интернет.




Нејзиниот татко Весли Квилти и неговата сопруга тајно гледале како нивното палаво двегодишно дете вешто се лизга низ просторот на висина од два метри меѓу заштитната врата и столчето. Коментирајќи го видеото што го објави на YouTube, Весли рече дека неговата постара ќерка го слушнала ударот и му кажала за злобните намери на двегодишното дете.




Тато потоа ја вратил својата мала ќерка во кревет, но знаел дека таа нема да мирува додека не побегне, па поставил камера и се сокрил зад ѕидот легнувајќи на скалите.




На почетокот на видеото се гледа како шокиран татко со неверување одмавнува со главата додека ги гледа вештините на својата тврдоглава ќерка. Малена се качила на едната врата од надолжни шипки, а потоа го префрлила шишето и извикувајќи „Тато, тато“, вешто ја преминала другата и безбедно слетала на подот од другата страна.