Што ли прават овие двајца на фотографијата? Каде се нејзините нозе? Оваа слика ќе ве збуни (ФОТО)

Многумина се мачеа додека не сфатија! На фотографијата се гледа среќен пар кој се сликал по венчавката, но нешто на сликата не е баш јасно.
Имено, на сликата се гледа како младоженецот подига насмеана невеста, а изгледа како нејзините нозе да се закачени околу рамениците на младоженецот, како што пишува Mirror.

Повеќето на почетокот не разбрале што се случува на фотографијата, а многумина биле многу збунети. За што всушност се работи е дека кошулата на младоженецот е во иста боја како и нејзината венчаница и токму тоа ја создаде конфузијата. Ако се гледа од перспективата од која е направена фотографијата, неговите ракави изгледаат како да се нејзини нозе. Братот на младоженецот ја сподели оптичката илузија пред неколку години, а неодамна таа повторно стана вирална.

Изминативе 10 минути се обидував да и објаснам на младата жена дека изгледа како нозете да и се прекрстени преку рамениците на нејзиниот сопруг, но таа тоа воопшто не го гледа – напишал во објавата братот на младоженецот. Младоженецот всушност и ги обвиткува бедрата околу неговите бели ракави, кои во комбинација со венчаница во иста боја даваат изглед на нозе.

Покрај тоа, темниот раб на неговите панталони наликува на пар чевли. Не можев да разберам зошто нејзините нозе се кренати и кој точно е долниот дел. Веќе ме боли мозокот – напишала една изненадена личност.

„Ми требаа добри десет секунди да сфатам дека неговата рака совршено се вклопува“, коментира еден корисник, додека друг се пошегува: „Изгледа дека лета во вселената и го носи со себе“.