Јас сум богата, а тој вози југо – Раскинала со дечкото затоа што е сиромашен, па многу зажалила

Таа додаде дека го обожава, но тешко се справува со критиките од нејзините пријатели Анонимна девојка која пораснала богато ја споделила својата исповед со јавноста и открила дека материјалните работи генерално не можат да донесат среќа на секого. Така пораснав, имав се живо. На 24 години се заљубив во еден дечко кој е средна класа, вози просечен автомобил, но сепак е паметен, интелигентен, убав дечко, најдобар студент по медицина.




Таа додаде дека го обожава, но тешко се справува со критиките од нејзините пријатели. Го обожавав, се додека моите пријатели не почнаа да го исмејуваат, нарекувајќи го „југо момче“, бидејќи вози југо. Се срамев кога излегував со него, само ми влегоа во глава со тоа – напиша таа и раскажа што се случило потоа:




Го оставив со образложение дека не сме иста класа, дека ми треба некој богат, бидејќи моите пријатели не ме гледаат исто поради него. Ми рече: „Затоа ги имам сите десетки и давам се од себе еден ден да и обезбедам се на жена ми, но се е за џабе ако нема љубов“.




Меѓутоа, тогаш сфатила дека направила голема грешка. Таа вечер сфатив дека се што имам е за џабе кога го изгубив. Се борев да се смириме, но тој не сакаше. Сега има сопруга, работи во Чикаго како кардиохирург и има едногодишно дете. И јас сум скршена богата девојка која живее од своите родители. Сè уште го сакам – заклучила оваа девојка.