Јас сум преубава а маж ми не е, но па тој е вистински маж: Сите ме нарекуваат спонзоруша, но не ми е баш гајле (ВИДЕО)

Нивната љубовна приказна предизвика илјадници различни коментари Љубовната приказна на Ева Марк и нејзиниот сопруг Џејмс привлече големо внимание. А Ева направи вистински бизнис од својот брак и редовно објавува видеа од нивниот приватен живот на Тик Ток. Ева, која е родена на Филипините, сега живее во САД со нејзиниот сопруг и нивните две деца.

Со текот на времето, таа почна да добива се повеќе коментари, главно негативни. Луѓето најмногу ја обвинуваат дека е со сопругот исклучиво за финансиска корист. Ева им порача на хејтерите дека е вистинска „риба“, а дека нејзиниот сопруг не е, туку дека е мажот од нејзините соништа.

Секако, има и многу позитивни коментари. Ако се сакате и почитувате, само тоа е важно. Мислам и дека вие двајца сте прекрасен пар – напишала една жена во својот коментар. Ти и твојот сопруг сте убави и внатре и надвор. Не обрнувајте внимание на љубоморните и подли луѓе, тие се лути затоа што се осамени и го сакаат тоа што вие го имате – додал друг коментатор.

Потоа следуваа нови негативни коментари: Колку пари ти дава?! – праша еден коментатор, додека друг додаде дека „нејзиниот сопруг мора да е многу богат“. Сепак, тие двајца не бараат прозивка, нејзиниот Тик Ток е во подем, а Ева објави видео како се гушка со сопругот во кревет, а со ова видео напиша: Тој е човек за умирање!

Таа, исто така, вети дека ќе се бори против троловите кои го нарекуваат Џејмс „дебел и грд“.

@evamartz42 #familymartz ♬ Lover – Taylor Swift