Ја избркал сопругата по 4 години брак бидејќи не можела да забремени

Ја избркав сопругата по неполни 4 години брак бидејќи не можеше да забремени, не можеше да роди наследник.

Моите родители се многу богати и едноставно е од големо значење што имам барем еден син.Во одлуката да се разведам имав целосна поддршка од мама и тато.

Искрено, многу ја сакав, но друго решение немаше.

Таа најде друг набрзо откако ја избркав и откако се разведовме, таа е исклучително убава и не и беше тешко.

За краток период се омажила и заминала да живее во Шведска.

Две години не сум видел и слушнал ништо за неа и вчера ја сретнав во град со нејзиниот нов сопруг како турка дупла количка…

Таа роди близнаци и најлошо од сè кога ги видов беше како да се гледав себеси на фотографии од детството.

Ми падна на памет дека можеби е трудна кога ја избркав, застанав да ја прашам, а таа само ја сврте главата на другата страна и помина покрај мене како да не ме познава…

Не ми се верува дека е толку сурова, 4 години врска и 4 години брак, на крајот на краиштата, тоа се убави години на познавање… Мене ме јаде сомнежот… што ако се навистина мои.