Ја изгубила МАЈКАТА кога имала пет години, па откри зошто не оди на нејзиниот гроб: „Само јас знам“

Девојката додаде дека сите ја осудуваат поради тоа, но дека само таа знае како се чувствува и како ја носи својата тага. Анонимна девојка од Србија ја сподели својата исповед и предизвика бројни реакции. Имено, таа откри дека никогаш не го посетила гробот на нејзината мајка, а објасни и зошто.

Мајка ми почина кога имав пет години. Сега имам 20 години и никогаш не сум била на гробишта. Никогаш не сум билa религиознa, ниту пак почитувам некакви обичаи и лично не ми значи ништо. Не сакам такви места и толку – напиша таа. Девојката додала дека сите ја осудуваат поради тоа, но дека само таа знае како се чувствува и како ја носи својата тага.

Семејството ме осудува и вели дека не ја почитувам затоа што не го посетувам нејзиниот гроб. Таа тага ќе ја носам во себе цел живот и само јас знам како ми е. Верувам дека не постои само еден начин да се тагува – напишала девојката.

Во коментарите, некои ја поддржаа и изразија разбирање за нејзините чувства, додека други не се согласуваат со оваа постапка, нагласувајќи дека тоа е „непочитување на жената што ја родила“