Ја искористи шансата: Козата не можеше да стигне до лисјата, па скокна на понито ВИДЕО

Козите се познати планинари на животинскиот свет и ќе се качуваат на се, дури и на други животни.




Неодамна на социјалните мрежи беше објавено видео од коза како стои на пони и кубе лисја од дрво.




Понито мирно и трпеливо стои и чека неговиот пријател да го нахранат.




„Козите сакаат да качуваат што било, а коњите се високи…“, „Мислам дека козата само скокна на понито. Се сомневам дека и дозволил, но мислам дека не ни пружил отпор“, „Пони нема ништо подобро да направи, па може да и помогне“, коментираат луѓето на оваа слатка сцена.