Ја исмејувале куќата на стариот дедо, а потоа соседот решил да направи нешто прекрасно

Кога соседот Џош Сиганик слушнал како тинејџер од соседството ја исмева куќата на 75-годишниот Леонард Булок, решил да направи нешто. За почеток, тој објави порака на Фејсбук во која напиша дека домот на неговиот сосед е во очајна состојба. Старецот често седи пред неа, тажен и ја наведнува главата.




Како што рекол соседот, успеал да собере боја и материјали и ги повикува сите добри луѓе да придонесат колку што можат и да одвојат малку време да помогнат во средувањето на трошната куќа.




Одговорот беше феноменален. Луѓето доаѓаа од Тексас, Вашингтон, дури и од Калифорнија. Имаше дури 95 луѓе, подготвени да помогнат во работата. Со толку многу луѓе, работата не траеше долго, а куќата блесна. Џош во медиумите е опишан како херој. Сепак, тој не го направи тоа заради славата. Тешката ситуација на овој старец долго време го угнетувала, а тој конечно го нашол вистинскиот начин да му помогне.




Браво за Џош и прекрасните луѓе кои одговорија! Тие треба да бидат пример за сите!