Ја исфрлил сопствената мајка од свадбата, а причината е неверојатна – Кога видел што направила таа и останатите негови роднини многу се налутил

Човекот ја споделил својата исповед и опишал како неговата венчавка се претворила во пекол. Свадбата традиционално е најсреќниот и најсвечениот ден во животот на една двојка, но понекогаш работите тргнуваат наопаку. Еден човек го почувствува тоа на своја кожа, а особено неговата избраничка. По инцидентот, разочараниот и бесен младоженец ја сподели својата исповед и откри како неговото семејство направило скандал на неговата свадба.

Имено, семејството на младоженецот решило да се „шегува“ со невестата пред самата венчавка. По скандалот, младоженецот исфрлил бројни членови на неговото семејство од венчавката, бидејќи, како што рекол, намерно се појавиле облечени во бело. Имам голема фамилија. Најмногу тетки и братучеди освен мама, маќеа, полусестра и баба. Не знам како да го кажам ова, но сите овие жени што ги споменав погоре постојано се шегуваат.

Тие формираа „клан“ (токсичен) и целта им беше да ја задеваат секоја жена што ќе се обиде да влезе во нашето семејство, пред да проверат дали е доволно добра за него – рече тој. Меѓутоа, кога дојде моментот на неговиот брак, работите тргнаа на полошо. Брат ми тој ден ме предупреди што прават, па веднаш реков дека ако некој од нив се осмели да се појави на мојата свадба облечен во бело, јас лично ќе го исфрлам, па дури и мојата мајка.

Тие тогаш рекоа дека тоа што го зборува брат ми не е вистина, и дека никогаш нема да направат такво нешто – откри тој, но се случи токму спротивното: Се појавија, еден по еден, на мојата свадба во бели фустани. Сите биле замолени да си заминат, а потоа почнале да се мешаат и да бараат поддршка од машкиот дел од семејството. Меѓутоа, мажите беа воодушевени, а татко ми беше тука за мене и целосно ме поддржуваше.

Се чувствував апсолутно ужасно бидејќи со оваа сцена ми ја уништија свадбата – истакна тој. Тој објасни и како реагирала невестата.
Мојата сопруга беше неизмерно повредена, а жените во семејството бесни. Подоцна роднина ме налути на социјалните мрежи велејќи дека ги исфрлив сите жени од свадбата затоа што жена ми била толку несигурна што не можела да го поднесе присуството на други жени на свадбата – открил мажот