Ја крстила ќерката ИКЕА – oд компанијата добиле КАУЧ

Откако за време на бременоста видела реклама за шведскиот гигант за мебел, таа одлучила да ја крсти ќерката по името на брендот. Кога се родила, ја нарекла „Икеа“, за нејзиното семејство бесплатно да ужива во благодетите на светски познатиот бренд. Меѓутоа, тинејџерката само еднаш го посетила нивниот дуќан, а поради нејзиното име низ годините доживеала разни исмејувања.




Редовно се среќавала со разни погрдни имиња, а нејзините врсници ја нарекувале и „рамно пакување“, односно по пакувањето во кое ИКЕА пакува делови од својот мебел. Бев шокирана што децата дури знаеја што е ИКЕА – изјави таа. Кога наполнила 12 години, решила да стави крај на прозивката. Таа го променила своето име во Јасмин, кое претходно го избрал нејзиниот татко. Нејзиното име сега е Јасмин Икеа Даглас.




Законски го сменив името. Сега сум во документите на Јасмин, но семејството се уште ме вика Икеа, вели таа. Денес, 19-годишната девојка признава дека и покрај придобивките од ИКЕА, нејзината мајка сепак се согласила да го смени името на девојчето.




Од нив добивме мебел и играчки бесплатно – рече таа и додаде дека денеска имаат неколку нивни играчки, како и кауч. Иако тоа ја чинеше еден дел од животот, тинејџерката продолжила да има работи од ИКЕА.
Извор: vecer.mk