Ја тестирале професорката дали може да го погоди најтешкиот удар во кошарка: На задоволство на учениците успеа!

Група американски третоодделенци со ентузијазам го дочекаа и поздравија неверојатниот кошаркарски потфат откако нивната учителка импресивно погоди од другиот крај на теренот. Кетлин Фицпатрик, позната кај своите ученици како госпоѓа Фиц, на сите студенти им вети топло чоколадо доколку успее да го погоди кошот од другиот крај на теренот.

Славеничките сцени од училишното игралиште покажуваат како група ученици со нетрпение гледаат, а потоа со голем ентузијазам го слават големиот кош што отиде во раката на нивната учителка.

„Во случај да ви треба доказ дека наставниците се суперхерои“, напишале од училиштето на социјалните мрежи, а видеото набрзо станало популарно на социјалните мрежи.

Понатаму од училиштето истакнаа дека се презадоволни од пораките и коментарите што ги добиле откако видеото излезе во јавноста и дека се горди на она што го постигнала нивната наставничка.