Кога еден автомобил „ќе ти се погоди“ тогаш таа љубов трае со години, а може и со децении. Некои луѓе се лојални на одреден бренд и во нивната историја на живеење купуваат само еден бренд на автомобил. Други пак се врзуваат за едно возило и тоа е она што го сакаат и го имаат со години и децении.

Моделите на Zastava беа популарни во време на СФРЈ, но многу од тие автомобили се уште се „тркалаат“ по нашите патишта, не само во Македонија туку и земјите што некогаш припаѓаа на големата заедница. една таква приказна за модел Zastava 750 LE доаѓа од Србија.

Сопственикот на модел Zastava 750 LE веќе 40 години го поседува возилото, тоа е во функција, регистрирано и се користи. Има поминато само 70.000 км. а сето то аминало без сериозни дефекти.

Приказната доаѓа од Грделица, град на југот од Србија.

Вакви модели сега најчесто се наоѓаат по огласите, за делови или како некој олдтајмер. Но, своевремено „фичо“ беше национално возило…