Ќе ве стопи од љубов: Куче кое спасува животи и дава вештачко дишење! (ВИДЕО)

Kучето по име Пончо е дресирано да даде вештачко дишење на секој кој ќе го види дека паѓа на земја и губи воздух. Кучето херој е всушност полициско куче. Во секој момент е подготвено за акција, бидејќи така е дресирано од својот полицаец.




За да ги покаже неговите вештини, сопственикот на Пончо на тренинг се преправаше дека останал без свест, а Пончо веднаш дојде да му понуди помош и започна со реанимација.




Иако стануваше збор само за симулација, Пончо ја воодушеви јавноста.




Видеото на кое се гледа целата акција стана многу популарно на социјалните мрежи.