Ќе растат ли каматите на кредитите особено на стамбените?

Завршува ерата на евтини кредити. Каматите ќе растат, по неколкугодишна стагнација. Американските Федерални резерви (ФЕД) најавија зголемување откако во март веќе ја покачија референтната камата за 0,25%, прв пат во последните 3 години. Во мај ќе следи нов раст, најверојатно за 0,50 процентни поени, а до 2024-та ќе има уште неколку покачувања. Сигналот на ФЕД по правило го следи и Европската Централна банка, со што се очекува објава за повисоки камати од ЕЦБ.

Кредитите во Македонија се поврзани со ЕУРИБОР, кој ги објавува Европската Централна банка и од 2016-та година се во негатива. Последниве месеци негативата се намалува, а евентуалниот скок на 1,5%, колку што е каматата на ФЕД, значително ќе ги поскапи ратите на кредитите, пред се на станбените.

Така на пример за кредит од 50 илјади евра, чиј ЕУРИБОР кој во моментов е 0% и рок на отплата од 20 години, каматна стапка од банката од 3%, месечната рата со ЕУРИБОР 0 изнесува 277 евра.
Ако Еурибор се зголеми за 1,5%, месечната рата на кредитот ќе изнесува 316 евра или 40 евра повеќе.

Од Народната банка велат дека внимателно ги следат сигналите. Одлуките кои ги носат зависат од макроекономските податоци, кои Комититет ги преиспитува најмалку еднаш месечно. Следниот состонок е закажан за наредната недела.

Експертите неколку пати алармираа дека во услови кога неизвесноста е се поголема, а цените на енергенсите, храната и суровините за производство секојдневно растат, ризикот врз инфлацијата е се поголем од очекуваниот – 2,2%. За да се обрани курсот на денарот, неминовно ќе биде зголемување на каматите.