Мачката влезе во продавница и украде колбас

Сопственикот на продавницата целата ситуација ја снимил со видео

На TikTok се појави видео од мачка како се прикрадува во продавница со цел да украде колбас. Успеал во својот план, а на видеото се гледа како дури избрал кој колбас да го земе така што ќе ги намириса неколку секунди пред кражбата.

Сопственичката на продавницата целата ситуација ја снимила со видео, а под видеото напишала: „Мислеше дека никој нема да забележи“.

„Хахаха, тој дури избира кој да земе“, „Најубавиот агент 007 што сум го видел“, „Тој е многу сладок, се надевам дека не е гладен“, беа само дел од коментарите под видеото на TikTok.