16 годишна Американка е кошаркарка која апсолутно доминира во средношколската конкуренција

Ауди Крукс, 16-годишната кошаркарка која апсолутно доминира во средношколската конкуренција, привлече големо внимание во американските медиуми, каде речиси никој не може да ја заштити на соодветен начин.

Таа е висока 190 сантиметри и многу корпулентна во однос на другите играчи кои играат на централната позиција, а тежината не ја спречува да биде исклучително мобилна. Таа им прави големи проблеми на ривалите во рекетот, а за средношколскиот тим Бишоп Гариган постигнува 23,2 поени и 11,9 скока, со неверојатна прецизност од играта од 72 отсто.

Смртоносната статистика придонесе да се дигне голема прашина околу „женскиот шек“, па затоа фрлија очи колеџите со најдобрите кошаркарски тимови во Америка. Еден од најлегендарните НБА кошаркари, Шекил О’Нил, беше инспирација за прекарот на младата кошаркарка, бидејќи популарниот Шек се истакна и со својата конституција.

„Мислам дека моментално е најдоминантната кошаркарка на нејзината возраст. Има многу добри кошаркари, но нема никој во нашата лига што може да ја стигни еден на еден“, изјави нејзиниот тренер Брендон Шваб.

Инаку, Aуди не се занимава само со кошарка, туку и со атлетика и бејзбол.