25 години наплаќал паркинг, зел 5 милиони и исчезнал, никој не знае кој е!

Во англискиот град Бристол, во близина на ЗОО паркот има капацитет за паркирање за околу 150 автомобили и осум автобуси, 25 години истиот човек наплаќал паркинг. Цената за автомобили беше 2,5 фунти, а за автобуси 7,5 фунти. И тогаш, еден ден, после 25 години редовно доаѓање на работа, човекот едноставно не се појави.




Раководството на зоолошката градина било принудено да стапи во контакт со градската управа и да побара нов работник за паркирање. Но, Градската управа одговори дека нема надлежност за овој паркинг, туку дека е во надлежност на ЗОО.




Администрацијата на градината потоа ги информирала градските раководители дека работникот на паркингот е нивен вработен, а не вработен во зоолошката градина. После тоа, од градската управа го известиле раководството на ЗОО дека меѓу своите вработени никогаш немале работник на споменатиот паркинг.




Така, додека траела оваа дебата, еден човек кој работел на паркингот веројатно пиел коктели на некој егзотичен остров, бидејќи очигледно произволно поставил паркинг-метар.Така тој наплаќал паркинг 25 години и по неколку стотици фунти секој ден.




Тоа значи дека тој „ја напуштил работата“ со капитал од над пет милиони фунти, а се уште никој не му го знае името.