3 млади момчиња и пријдоа на расплаканата жена не знаејќи дека некој ги снима

Тројца млади момчиња вработени во ресторан за брза храна и пријдоа на расплакана жена не знаејќи дека некој ги снима и дека ќе го објави на социјалните мрежи. Секое утро една жена по име Барбара одела на кафе во ресторанот за брза храна Dutch Bros, каде што лесно можела да нарача од автомобилот. Додека седела на кафе еден ден во март, нешто и паднало во очи.




Беше многу гужва тој ден и требаше многу време за да се стаса во ред. Возачот пред неа ја држел целата линија, а вработен од другата страна на прозорецот за испорака на храна разговарал со возачот. Неколку секунди подоцна до прозорецот дојдоа уште двајца вработени. Што се случуваше? Одеднаш Барбара ги здогледа тројцата вработени стуткани еден до друг, обидувајќи се да влезат од прозорецот и да допрат до жена од 30-ина години што беше во автомобилот.




Вработените ја фатија жената за рака и се помолија со неа. Барбара реши да ја наслика таа сцена. Кога автомобилот се оддалечил, Барбара дознала зошто жената држела за рака тројца сосема непознати. Причината е навистина трогателна бидејќи подоцна се испоставило дека жената го изгубила сопругот само неколку часа порано.




Фотографијата, со објаснување, Барбара ја објави на својот Фејсбук. Уште еднаш до израз дојде човечката добрина.