4 карактеристики кои ги имаат само жените и девојките кои можат да го освојат секој маж, последната е најважна

4 карактеристики кои ги имаат само жените и девојките кои можат да го освојат секој маж, последната е најважна…

Ги знаете оние жени на чиј шарм сите паѓаат, и тоа во таа мерка да другите жени повеќе не им завидуваат, туку им се восхитуваат? Таквите жени и девојки имаат некои заеднички карактеристики.

Своја и ничија
Сите се трудиме да се прикажеме во најдоброто можно светло, но постои граница помеѓу почетното додворување и лажното претставување.
Немојте да глумите, бидејќи таквите лаги имаат краток век на траење. Наместо тоа, бидете она што сте и покажете дека сте задоволни со тоа и дека не ве интересира туѓото мислење. Тој вид на самодоверба е неодолива за секој маж, токму тоа е она што ги разликува Моника Белучила и некоја жена која можеби физички е 100 пати попривлечна но го нема “она” што треба.

Се е во очите
Женатак оја знае кога и како треба да го погледне мажот е жена која со поглед може да постигне апсолутно се што ќе посака.Овие заводнички никогаш не гледаат во подот, не гледаат во своите стапала (освен кога им се воодушевуваат на новите чевли) и не го тргаат погледот од очите.
Тие знаат дека очите го кажуваат она што никој никогаш нема да го каже.

Смисла за хумор
Без смисла за хумор, едноставно нема шарм, а кога нема шарм, џабе е и добрата фризура и новите нокти и затегнатиот задник.Жените кои знаат како да се пошегуваат на сопствена сметка и кои уживаат во смеата, немаат грижи за тоа дали нивниот нос изгледа преголемо кога се смеат или дека тоа ќе им направи брчки – таквите жени се неодоливи